ТВ продуцентот Кевин Турен почина на 44-годишна возраст. Кевин е најпознат по продукцијата на сериите „Еуфорија“ и „Идол“.
Таткото на продуцентот објави изјава во која ја потврди смртта на Кевин, но не ја прецизираше причината за смртта.
Наместо тоа, Едвард, таткото на Кевин, напиша во изјава за Deadline:
-Кевин беше толку неверојатно посебен, овој свет ќе биде помал без него.
Турен е роден на Менхетен и студирал филм на Универзитетот Колумбија пред да ја започне кариерата. Тој го имаше своето деби како продуцент во 2005 година, а потоа продолжи да продуцира играни филмови.
-Неодамна го продуцираше филмот на Николас Кејџ и Педро Паскал „Неподносливата тежина на огромниот талент“, сериите „Еуфорија“ и „Идол“, кои се емитуваат на платформата HBO, пишува Дејли мејл.