Македонските тенисерки ги дознаа ривалите за продолжението на Били Џин Кинг Купот, поточно за разигрувањето од 4 до 6.место во Вилнус, Литванија.
Нашите тенисерки ќе ги одмерат силите со Грузија и Израел со тоа што утре се слободни, односно мечевите ќе ги играта во петок и сабота.
Во борба за пласман во Првата зона ќе играат првопласираните репрезентации од групите: Хрватска, Литванија и Египет. Двете првопласирани ќе обезбедат „промоција“ во Првата Евро-африканска зона.
Во разигрување ќе продолжат и репрезентациите на: Естонија, Босна и Херцеговина и Косово. Тие ќе се борат за пламсан од 7-9.место, додека од оваа зона испаднаа селекциите на Мароко и на Малта.