„Металците“ имаа одлично второ полувреме во кое се изборија за голема предност против тимот на Широки (85:69) пред реваншот за седум дена
Предводени од двоецот Војдан Стојановски-Делалиќ, МЗТ Скопје дојде до голем плус од 16.поени со кој за седум дена ќе тргне (уште еднаш во оваа сезона) во Широки Бријег каде ќе се бие втората битка за полуфинале.
Војдан застана на 21.поен, но имаше и пет скока и четири додавања, Делалиќ го следеше со 17. Им се приклучија и Танасковиќ со 16.пени (и седум скока), односно Гилон, кој дополни со 11.поени (четири скока и три асистенции).