На денешен ден во во 1997-ма година во Скопје почина Стево Теодосиевски.
Беше македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист, сопруг на познатата пејачка од ромско потекло Есма Реџепова.
Роден бил во Кочани, во 1924 година.
Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.