Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Нашите девојки загубија од селекцијата на Србија со 103:60. Србинките се главен фаворит во групата, репрезентација која е многу моќна и без проблеми го освои СРЦ Кале и тоа во дуел во кој ги надигра избрничките на Ашаданов во сите четвртини.
Капитенот Митрашиновиќ со 23 поени беше најдобар наш поединец, двоцифрени беа уште Хемпе и Селцова кои искомбинираа 25 кошеви.Дугалиќ пак со 17 поени ја предводеше листата на стрелци кај победникот.
Наредните две средби македонската селекција ги игра на домашен терен со Украина и Португалија.
foto:www.fiba.basketball/womenseurobasket/2025/qualifier