Викендов по 55 пат на реката Треска кај Матка се одржа традиционалниот меѓународен Илинденски кајак-слалом ИКАС 2024 во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а Градскиот кајакарски сојуз како технички организатор.
На овој настан имаше 80 натпреварувачи од шест земји: Романија, Босна и Херцеговина, Македонија, Турција, Србија и Грција.
Членот на ККК Вардар од Велес, Ангел Петрушев е победник на ИКАС 2024, пред второпласираниот Стефан Рибарски од ККК Вардар Велес, а на третата позиција се најде Марко Ѓорѓевиќ од Србија.
Од останатите македонски кајакари во финалето Кристијан Смилев заврши на петтото место, Александар Златаров на осмата позиција, а Борче Мирчевски на 11 место.
Во кану Ц1 најдобар беше Јанис Захос од Грција, а во женска конкуренција неговата сонародничка Горгиа Релиа славеше во дисциплината К-1, пред велешанката Марија Пановска и Елиф Цејлин од Турција.