Претседателот на кошаркарскиот сојуз на Италија, Џани Петручи заврши во болница поради повреди со кои се здобил во сообраќајна незгода во близина на Рим.
Првичните информации беа дека Петручи е во тешка здравствена состојба, меѓутоа докторите од болницата „Сан Камило Форланини“ соопштија дека неговиот живот не е во опасност.
Петручи е еден од највлијателните луѓе во италијанската кошарка со години, а беше претседател на кошаркарскиот сојуз и во период меѓу 1992 и 1999 година.