Српскиот кошаркар Никола Јокиќ за половина час во игра успеа да дојде до трипл-дабл оваа сезона, а неговиот Денвер да слави над Атланта со 142:110.
Тој постигна 19 поени, со 14 скока и 11 асистенции, српскиот центар зад своето име додаде две украдени топки. Јокиќ сега ја има бројката од 25 трипл-дабли и тој е само третиот играч во историјата кој успеал да стигне до оваа бројка на вакви учиноци во повеќе од една сезона во НБА.
Тоа е 130-ти трипл-дабл за Јокиќ во регуларниот дел од сезоната, четврти во историјата на НБА.
This Jokić pass to KCP pic.twitter.com/nAKeYsBpKD
— Tatiana (@Tatianaclinares) April 7, 2024