Кошарка

Работнички и Пелистер со први победи, Чаир со голем пресврт го надигра ТФТ

Работнички и Пелистер со први победи, Чаир со голем пресврт го надигра ТФТ

Четвртфиналните серии во македонскта кошаркарска Суперлига продолжија со три пресметки, а со исклучок на убедливата победа на Пелистер, останатите две беа крајно неизвесни.

Работнички се изнамачи за да го одбрани домашниот терен и да го добие малото градско дерби со Феникс, но сепак фаворитот победи со 84:80 и поведе со 1:0 во четвртфиналната серија.

Пелистер беше далеку побеудлив и му одржа лекција на Еуро Никел на домашен терен, дуел на кој „зелено-белите“ славеа со 34 поени разлика.

Битолчани доминираа во текот на сите четири периоди и победија со 94:60, додека најголемата драма беше резервирана за саботниот вечерен термин.

Чаир беше во подредена улога и имаше 17 поени негатива во дуелот со ТФТ, но на крајот успеа да се врати и со голем пресврт да го одбрани домашниот терен (81:78).

To top