Екипата на Борусија Дортмунд загуби на домашен терен од Штутгарт со 0-1 во натпревар од Бундес лигата, но шоуто се случуваше на трибините, бидејќи навивачите го прославија 50-тиот роденден на нивниот стадион, Вестфален.
Пред почетокот на натпреварот тие направија фантастична кореографија на која беа прикажани најзначајните моменти од историјата на клубот кои се случиле на нивниот стадион.
Фудбалерите на двете екипи пред почетокот на мечот наместо како и секогаш да излезат во придружба на децата од академијата на клубот, излегоа на теренот со фудбалерките на екипите Валтроп и Менгеде, кои во далечната 1974-та година го одиграле првиот натпревар на Вестфален стадионот.
#BVB-Choreo zum 50. Geburtstag des Westfalenstadions. ⚫️🟡 pic.twitter.com/0yU8zWGpXJ
— Patrick Berger (@berger_pj) April 6, 2024