Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат“

СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат“

СДС се спушти толку ниско, што во отсуство на понуда за граѓаните во пресрет на изборите, тие креираат лажни вести и фалсификуваат документи.

Ваквите фабрикации ги прави Асаф Еисин, израелски мешетар, кој своите услуги за фалсификување ги нудеше и во ВМРО-ДПМНЕ, при што беше веднаш избркан од претседателот Мицкоски, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Ковачевски сги прифатиле неговите услуги, и во недостаток на понуда прибегнаа кон црна кампања базирана на измислици.

СДС треба да каже како го плаќаат Асаф Еисин, дали е платен во кеш, и дали таквите пари се стекнати со матните тендери во РЕК?

Во прес конференција во текот на денот ќе објавиме како оди шемата за лажни вести и фалсификување на документи.

Врвот на СДС со Ковачевски и Зечевиќ е влезен длабоко во криминал, и за тој криминал ќе одговараат, и тие и Асаф Еисин, веднаш по изборите.

Народот ќе си ја врати државата, без разлика на измислиците на СДС и мешетарите кои ги плаќаат со народни пари, украдени од тендери. Македонија ќе биде повторно на граѓаните. Промените се во рацете на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

To top