Македонија Соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Утре ќе ја откриеме целата шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин, кој се нудеше и во ВМРО и беше избркан, да се подготви да одговара заедно со Ковачевски и Зечевиќ по изборите

Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна, и дека губи, соопштија од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Утре ќе ја откриеме целата шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин, кој се нудеше и во ВМРО и беше избркан, да се подготви да одговара заедно со Ковачевски и Зечевиќ по изборите

Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на СДС. Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна, и дека губи, соопштија од партијата.

-Истите инспиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ, и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф, и Зечевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта, потенцираа во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top