Конан О’Брајан се враќа во „Тунајт шоу“ (The Tonight Show), по неговите две сезони како водител во 2009. и 2010 година. Комичарот ќе гостува во емисијата чиј водител е Џими Фалон. Новата епизода ќе се емитува на 9 април.
Во емисијата ќе се појават и глумицата Никол Ричи и музичарот Бенсон Бун.
Вечерното „Тунајт шоу“ со Конан О’Брајан се емитуваше две сезони пред водителот да биде отпуштен поради несогласувањата, меѓу другото, со намерите на продукцијата емисијата да трае само половина час. Тој беше отстранет од шоуто во 2010 година, кога и поранешниот водител Џеј Лено реши да се врати на екранот.
Лено подоцна објасни зошто не се согласувал со новостите и концептот на О’Брајан и дека „тоа не оди така“, како што пренесува „Пипл“ (People).
О’Брајан во меѓувреме имаше неколку свои проекти, а денес е актуелен со ТВ-патеписот „Конан О’Брајан мора да оди“ (Conan O’Brien Must Go). (МИА)