На 03.04.2024 околу 20:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека кај „Биџевска крстосница“ на локален пат за струшкото село Ливада, патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Д.(59) од струшкото село Шум, излетало од патот.
Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.