Култура Македонската филхармонија

Kонцерт „Светлина“ со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски

Првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 на еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија. „Чиста убавина на звукот“ – така е опишано ова дело со наслов „Далечна светлина“, а создадено во 1996 година на барање на латвинскиот познат виолинист Гидон Кремер.

Kонцерт „Светлина“ со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски

Во Филхармонијата вечерва, ќе се одржи концертот „Светлина“, на кој како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен. Диригент на концертот „Светлина“ е маестро Оливер Балабурски.

– Првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 на еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија. „Чиста убавина на звукот“ – така е опишано ова дело со наслов „Далечна светлина“, а создадено во 1996 година на барање на латвинскиот познат виолинист Гидон Кремер. По скоро две децении од неговото создавање, денес овој концерт е веќе класика и е дел од репертоарот на големите симфониски оркестри. Петерис Васкс во ова дело ги внел својата душа и меланхолична страст, неговите силни врски со природата, верувањата и идеалите кои ги гледа како полека исчезнуваат насекаде, и претставува центар на севкупното негово творештво, велат од Филхармонијата.

Диригент на концертот Оливер Балабурски, кој долги години живее и твори во Канада, со Филхармонијата ќе диригира по подолг период пауза.

– Оваа вечер, заедно со оркестарот на Филхармонијата и маестро Балабурски, ќе биде изведена и Симфонијата бр. 4 во F-moll, оп. 36 од рускиот музички гениј Петар Илич Чајковски. Токму Четвртата симфонија претставува своевиден автопортрет – симфониски хибрид, во кој се вкрстуваат архитектонската форма со поетиката на симфониската поема, посочуваат од Македонската филхармонија. (MИА)

Најнови вести од Култура

To top