Американскиот кошаркар Леброн Џејмс игра одлично и оваа сезона, иако има 39 години, но се поставува прашањето уште колку време ќе го гледаме на паркетот во НБА-лигата.
Новинарите го прашаа „кралот“ дали планира да се пензионира, а тој кажа дека крајот е блиску, иако не знае кога точно ќе се повлече од кошарката.
„Уште колку долго ќе играме? Нема да биде уште долго. Блиску сум до крајот. Не знам кога ќе се пензионирам, но немам многу време“, кажа Леброн.