Фудбалерите на Воска триумфираа попладнево на домашен терен во Охрид над Македонија Ѓорче Петров со 2-0 (2-0) во првиот натпревар од полуфиналната пресметка и со предност ќе патуваат на реваншот во Скопје против актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија.
Воска, која атакува на своето прво куп финале во историјата, дојде до победата со два гола во период од две минути во завршницата на првото полувреме.
Бајрами му донесе водство на охридскиот клуб во 38 минута, а конечниот резултат го постави Ѓоргиев две минути подоцна.
Победникот од пресметката меѓу Македонија ЃП и Воска во финалето ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Шкупи и Тиквеш. Првиот натпревар одигра вчера на стадионот во Чаир заврши без голови.
Двата реванш полуфинални натпревари во Скопје и Кавадарци се на програмата на 17 април.