Република „Даши“

Дебарските сточари мака мачат да обезбедат овчари

Недостигот на овчари, нагласува Аме, е дополнителна причина за намалувањето на стадата овци на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои членуваат во друштвото. 

Дебарските сточари мака мачат да обезбедат овчари

Сточарите од дебарскиот регион, покрај другото се соочуваат и со обезбедување овчари, па дел од нив се принудени оваа обврска да ја извршуваат самите.

Според Скендер Аме, претседател на друштвото на одгледувачи на овци „Даши“ е последица, главно на масовната миграција на населението во регионот.

-Познато е дека масовната миграција на населението во Дебар и регионот донесе проблеми во обезбедувањето на работна сила. Тоа го погодува и нашиот сектор каде сериозен проблем е обезбедувањето овчари иако месечната плата изнесува од 700 до 800 евра. Тука секако и незаинтересираноста на локалните жители да се занимаваат со оваа дејност. Поради тоа дел од сточарите се принудени сами да го обавуваат тоа, додава Аме.

Посочува дека до пред неколку години, бидејќи и тогаш имало недостиг од овчари, нив најмногу ги обезбедувале од албанските погранични населени места, нагласувајќи дека масовната миграција на младите и во соседна Албанија, овчари веќе не може да обезбедат и од таму.

Недостигот на овчари, нагласува Аме, е дополнителна причина за намалувањето на стадата овци на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои членуваат во друштвото.

Ако до пред три-четири години на ова подрачје имаше над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е околу 30 илјади. Годинава имаше и помал број јагниња за продажба или околу 7 илјади.  (МИА)

Најнови вести од Република

To top