Богдан Богдановиќ, повторно одигра одлична партија во дресот на Атланта во победата над Чикаго од 113:101.
Покрај феноменалната игра на српскиот ас, главна тема во американските медиуми е и големата кавга на Богдановиќ со својот тренер Кевин Снејдер, и тоа за време на натпреварот со Чикаго.
Србинот мечот го заврши со 20 поени, шест асистенции и четири скока, но во еден момент целосно полуде и за време на тајм-аутот скокна од клупата и вербално го нападна Снајдер. За ситуацијата да не ескалира се погрижија соиграчите кои го одвоија Србинот од тренерот на тимот.
- Квин е мој човек, сигурно, ме турка цела година. Имавме конфликти и мали расправии. Нормално е да се случи тоа, изјави асот на Атланта, на што тренерот додаде:
- Боги беше одличен, јас и тој сме одлични. Тоа е толку одлично, подобро од добро, одлично. И ми се допаѓа како играше. Тој се бранеше, што за него беше гордост.
Bogdan Bogdanovic and Quin Snyder 👀pic.twitter.com/lu0Q27pkkP
— Mark Jackson’s Burner (@casualtakeking) April 2, 2024