Фудбал

Играчите на Фенер пред суспензија поради тепачката со навивачите на Трабзонспор

Играчите на Фенер пред суспензија поради тепачката со навивачите на Трабзонспор

Тројца фудбалери на Фенербахче се повикани на распит пред дисциплинската комисија на Турската федерација поради големиот инцидент што се случи на првенствениот меч против Трабзонспор.

Голем број навивачи влетаа на теренот со намера да физички да се пресметаат со гостинските играчи, но дел од нив добија тупаници и од играчите, но и од полицијата. Единаесет хулигани беа приведени веднаш, а петмина од нив се наоѓаат во истражен затвор.

Дисциплинската комисија ќе има најмногу работа со Брајт Осеи-Самуел, кој жестоко удри еден навивач на Трабзон и тој најверојатно ќе добие соодветна суспензија, а слична судбина ги очекува и останатите двајца играчи, кои би требало да добијат малку поблага казна.

Повик добија и двајца членови на стручниот штаб на Фенер, како и челните лица на Трабзонспор, кои се обвинети дека не презеле доволно мерки за сигурност на гостинските играчи.

To top