Актуелните НБА шампиони, Денвер Нагетс ги декласираа Кливленд Квалирс со 130:101. Нагетс на овој натпревар погодија 21 тројка од 33 обиди.
До победата ги предводеше Никола Јокиќ со 26 поени, 18 скокови и 16 асистенции. За српскиот репрезентативец ова беше 23. трипл-дабл оваа сезона, а 128. во кариерата. Тој се наоѓа на четвртото место на вечната листа.
Покрај Јокиќ, брилијантен натпревар одиграа Реџи Џексон, Кентавијус Колдвел Поуп и Мајкл Портер Јуниор. Првите двајца комбинирано погодија 10 тројки од 14 одини.
Џексон натпревар го заврши со 23 поени, поен помалку постигнаа Колдвел Поуп и Портер Јуниор.Денвер ја забележа 52.победа во сезоната и ја продолжува трката со Минесота и Оклахома за првото место во Западната конференција.