Ракомет

Случајот на Начевски во ЕХФ се враќа повторно на разгледување

Случајот на Начевски во ЕХФ се враќа повторно на разгледување

Апелациониот суд на ЕХФ ја укина првостепената одлука со која Драган Начевски беше „ослободен од сите должности“, и неговиот случај повторно ќе биде разгледуван.

Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе одлуката на 11 септември 2023 година, што потоа беше обжалена од Драган Начевски. Апелациониот суд на ЕХФ ја укина првостепената одлука и ја врати до Ракометниот суд за нова одлука стои во соопштението издадено од ЕХФ.

Случајот против Драган Начевски беше поделeн на два дела. Оваа одлуката се однесува само на повреди во врска со непријавување на прекршок. Сè уште се во тек правните процедури и истраги за недостаток на интегритет.

Начевски беше ослободен од своите должности во мај 2023 година, откако ЕХФ доби информација од данската телевизија ТВ2 дека е вклучен во разговор со наводен азиски бизнисмен. Во овaa „местенка“ беше допрена темата за местење натпревари.

Начевски одбил понуда да учествува во било какви местења или недозволени работи, но тој не го пријави пристапот до надлежните органи во ЕХФ.

Поврзани теми

To top