Во хотелот Александар Палас денеска ќе се одржи второто издание на најголемиот детски саем во земјава – КИД ЕКСПО.
Саемот ќе се одржи во трите сали на хотелот Александар Палас и ќе понуди разновидни содржини: децата ќе се забавуваат пред големата сцена, ќе учествуваат во креативни и спортски работилници во ринговите, а за возрасните ќе има цела сала со продажни и промотивни изложувачи кои на своите штандови ќе претстават најразновиден асортиман за деца.
Програма ќе опфаќа интерактивна содржина за деца од најрана до 14 годишна возраст. Покрај другото, на Големата сцена ќе има и едукативни предавања за возрасните, за превенција на булинг, за здрава исхрана, педијатрија и справување со ривалството помеѓу браќа и сестри. Дечињата ќе следат сценска програма со музички, комични и магионичарски шоу-а, кино проекции и еко квиз. Покрај спортските и креативните работилници, исто така и изложувачите ќе приредат посебни детски катчиња кои ќе бидат изненадување до самиот почетокот на саемот.
Оваа година, организаторите Бејбишоп.мк и Боттега Евенти ќе воведат новитет на саемот со најавата на концертот Бенд Џем на кој ќе настапуваат училишни бендови. (МИА)