Кошаркарите на Фенербахче убедливо ја совладаа екипата на Алба со резултат 103:68, во рамки на 32. коло во Евролигата.
Екипата од Истанбул се наоѓа на 6. место со скор од 20 победи и 12 порази, додека Алба има крајно негативен скор, со само пет победи и 27 порази.
На овој натпревар најефикасен беше Хејс Дејвис, со нестварни 50 поени, што е рекорд за еден кошаркар кој постигнал најмногу поени во еден европлигашки натпревар. Тој успеа да го мине на вечната листа Шејн Ларкин, кој некогаш успеа на еден натпревар да уфрли 49 поени.
Среќа за Дејвис е што не играше цел натпревар, но последните 20 секунди успеа да постигне кош и да дојде до овој нестварен рекорд, за кој што ќе треба време за повторно да биде надминат.