Ракомет

Завршницата од ракометниот Куп на Македонија ќе се игра во Скопје

Завршницата од ракометниот Куп на Македонија ќе се игра во Скопје

Ракометната федерација на Македонија одлучи фајнал-фор турнирите во Националниот куп во машка и женска конкуренција да се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во периодот од 17 до 19 мај.

Кај мажите кандидати за освојување на трофејот се: Вардар 1961 (лански освојувач), Еурофарм Пелистер, ГРК Тиквеш и Алкалоид.

Кај жените, освојувачот на Купот ќе се бара меѓу екипите на ланскиот победник Куманово, потоа Ѓорче Петров, Чаир и Вардар.

To top