Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство. Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието, истакнаа во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
– Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви. Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на системи за наводнување. Како круна на целиот систем во земјоделството ќе биде изградба на откупно дистрибутивни центри, со што ќе се реши еднаш засекогаш проблемот со откупот. Земјоделието ќе биде во врвот на приоритетите на идната влада. Тоа ќе генерира приходи за десетици илјади семејства, како и за државата, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат: „Време е Македонија да ја вратиме на народот“.