ВТБ лигата ја објави идеалната петорка врз основа на резултатите од играта во периодот од 18 до 24 март.
Идеална петорка од ВТБ лигата (18-24 март): Ненад Димитриевиќ (УНИКС) Тајрел Нелсон (Уралмаш) Окаро Вајт (Локомотив-Кубан) Џеремаја Мартин (Јенисеи) Александар Хоменко (МБА).
Играчот на УНИКС, Ненад Димитриевиќ беше дел од победата на неговата екипа против Зенит. Нашиот интернационалец и репрезентативец имаше 32 поени, 5 скока, 9 асистенции и 38 поени рејтинг на ефикасност.
Сите останати кпои беа дел од оваа петорка има послаб учинок во однос на Димитриевиќ, па може слободно да се каже дека нашиот Нено беше и играч на колото во ВТБ лигата.