Младата фудбачсла репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денес од 14 часот ја очекува дуелот со Шведска во квалификациите за ЕП 2025.
Јасно е дека избраниците на Драган Канатларовски ги чека тешка пресметка, но сите во националниот тим се подготвени за максимално надигрување со фаворитот.
„На претходниот натпревар против Гибралтар очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, факт е дека затаи и реализацијата. Место да дадеме гол повеќе, нам ни се случи и хендикеп што загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап. Јасно е дека сега не чека силната Шведска која сигурно ќе сака одмазда за претходниот пораз. Но, ние сме подготвени и сигурно и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Мора да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот ако сакаме успех“ – вели селекторот Канатларовски пред утрешниот натпревар.