Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс триумфираа над Индијана Пејсерс со 150:145, во натпревар без продолженија, и со тоа постигнаа најмногу поени по 2 јануари 1987 година кога го совладаа Феникс санс со 155:118.
Лејкерс моментално се деветти во Западната конференција и секоја победа им е важна за влез во плеј-офот.
– Ова е важна победа, но им дозволивме да постигнат 145 поени, беше страшно во одбраната. Сакаме да победуваме на секој натпревар. Ќе биде тешко, но ние сме способни за такво нешто, изјави Ентони Дејвис, кој ги предводеше Лејкерси со 36 поени и 16 скока.
Леброн Џејмс имаше дабл-дабл ефект, 26 поени и 10 асистенции, а Динвиди даде 26 коша. Лејкерси сега ги чекаат шест натпревари на гости, со Милвоки, Мемфис, Индијана, Бруклин, Торонто и со Вашингтон.
На спротивната страна најефикасен беше Паскал Сијакам со 36 поени и 12 скока, Мајлс Тарнер додаде 20, а Т.Ј. Меконел 17 поени.