Актерот Урош Милојевиќ вчера на својот Инстаграм профил напиша шокантна објава во која јавно призна дека е бисексуалец.
Поради вчерашната објава повторно е во центарот на вниманието.
Имено, тој изјави дека најважна му е поддршката од семејството и пријателите и дека во текот на животот се соочувал со одбивање.
View this post on Instagram
Милојевиќ уште еднаш се огласи преку социјалните мрежи откривајќи ги грозоморните закани кои ги добива преку пораки.
-Оди, убиј се, бидејќи си г***о невидено. Не скокај од 17, туку барај повисок кат затоа што си психопат, велат пораките.
Урош потоа продолжи и испрати порака до сите оние кои мислат дека имаат право да му се закануваат.
„Секој коментар од ваков тип ќе го објавам“ – напиша актерот.