Македонија Комисија за образование

Попоски: СДС и ДУИ сакаат да го укинат задолжителното средно образование, бидејќи не се способни да го модернизираат

Наскоро доаѓаат промени и нова Влада која навистина ќе се грижи да имаме квалитетен образовен систем, затоа што ова општество треба да се развива врз база на знаење, и треба да се вложува во знаењето на граѓаните“ – посочи Попоски.

Попоски: СДС и ДУИ сакаат да го укинат задолжителното средно образование, бидејќи не се способни да го модернизираат

Во неможност да го модернизираат, на СДС и ДУИ полесно им е да го укинат задолжителното средно образование. Нешто што во минатото беше задолжително и бесплатно, го направија неквалитетно, а сега ќе стане и незадолжително. Владата на Ковачевски размислува за укинување на задолжителното средно образование, а образложението е дека тоа е добро за економијата во државата. Како не едуцирани граѓани ќе бидат од корист за државата? Замислете, ова е ставот на владините министри во време кога светот го движат и развиваат интелектуалци и колку повисоко и поквалитетно образование имаш, толку повеќе си ценет, вели Драган Попоски, член на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

-Веројатно граѓаните со низок степен на образование ќе бидат од корист само за власта, која мисли дека полесно ќе ги манипулира доколку не се доволно писмени. Тоа е потценување и навреда! Наместо да им понуди што повеќе можности и опции за едукација, Владата им вели дека доволно им е деветтолетка за да успеат во животот, вели тој.

„Податоците велат дека и онака во регионот имаме највисока стапка на осипување на ученици од средните училишта. Практично 78% од една генерација средношколци го завршуваат ова образовно ниво. И наместо тоа да се подобри, фокусот да биде ставен особено на дуалното образование со кое би се насочиле и квалификувале нови кадри, се размислува за незадолжително средно образование.

Ветуваме дека оваа идеја ќе биде спречена. Наскоро доаѓаат промени и нова Влада која навистина ќе се грижи да имаме квалитетен образовен систем, затоа што ова општество треба да се развива врз база на знаење, и треба да се вложува во знаењето на граѓаните“ – посочи Попоски.

To top