Во извештајот се прецизира дека ИТИА во текот на 2023 година добила 101 предупредување за сомнителни дуели, но ова не е доказ за местење, туку индикација дека „можеби се случило нешто несоодветно“. Вкупната бројка е за 109 помалку од 2022 година и за 113 во однос на 2021 година.
Во рамките на тениската антикорупциска програма санкционирани се 41 лице, меѓу кои девет добија доживотна забрана за вршење на спортот, соопшти ИТИА.
Минатата сезона биле направени над 7.200 допинг тестови, а санкционирани се 13 лица.