На регионалниот пат Тетово – Скопје, во тетовски Групчин, вчера вечерта се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила.
Во несреќата учествувале „фолксфаген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од скопско Бојане, „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Ј.Ј.(58) од тетовско Ларце и „опел“, исто така, со тетовски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(35) од тетовски Лисец.
-Во несреќата, сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од Лисец се здобила со тешки телесни повреди, а возачот на опелот и сопатничката од возилото „мерцедес“, Ф.Ц.(49) со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.