Наташа Шавија, која објави дека повторно била жртва на физичко насилство, сега раскажа нови детали од пеколот што го доживеала.
Таа се огласи на Инстаграм и потврди дека била физички малтретирана, како и дека напаѓачот и го скршил телефонот во кој имало докази против него.
Објаснила дека тој ден била во домот и дека со неа била и нејзина другарка и момчето кое ја нападнало.
-Тоа се случи во март годинава. Телефонот ми е скршен, а во него имам секакви докази против него и не би коментирала ништо додека не ги вратам тие податоци, ако воопшто успеам. Јас и мојата пријателка бевме кај мене дома заедно со него, се забавувавме, а тој одеднаш доби напад сличен на шизофренија. Неколку пати му рековме да ми излезе од дома, дури и се јавив на Брза помош бидејќи знам дека ми кажа дека мајка му е хоспитализирана поради некоја психичка болест, а тие не упатија во полиција, изјави Наташа.