Во текот на претходната ноќ, Русија лансираше околу 90 проектили и 60 експлозивни беспилотни летала кон Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека во тие напади има загинати.
„Имаше повеќе од 60 Шахед (вид на експлозивно беспилотно летало) и речиси 90 проектили од различни типови“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претседателот на Украина изрази сочувство до семејствата на загинатите „во тој терор“.
Тој не соопшти други детали.