Македонските млади фудбалери до остварија втората победа во квалификациите за Европско првенство, откако ова попладне беа подобри од своите врсници од Гибралтар до 21 година.
Натпреварот се одигра во добро и пријатно време на националната арена „Тодор Проески“, а иистиот мина во знакот на избраниците на Драган Канатларовски.
Нашите фудбалери ги контролираа случувањата на теренот и создадоа неколку изгледни шанси, но погодија само еднаш и тоа беше доволно за минимална победа и освоени три бода.
Човек на одлука беше Луан Абази кој погоди на стартот на второто полувреме, па до крајот резултатот не се менуваше и момците на Цапар се израдуваа на втор триумф во квалификациите.
Со овие три бода, Македонија до 21 година сега е на 5-то место, има ист број на бодови како Молдавија со натпервар помалку, а само еден помалку од Шведска.