Кошарка

Ашаданов: Покажавме карактер, очекувам подобар меч против Србија

Ашаданов: Покажавме карактер, очекувам подобар меч против Србија

По поразот од Португалија од 65:52 на гости, женската кошаркарска репрезентација ја чека уште еден тежок дуел во квалификациите за Европското првенство, кое е на програмата во 2025 година.

В недела, нашата селекција ќе ги одмери силите против фаворитот во групата, репрезентацијата на Србија, дуел што ќе се одигра во 18 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје, а влезот ќе биде слободен за сите љубители на кошарката.

По стартниот пораз, селекторот Александар Ашаданов истакна дека има и позитивни работи што ги видел кај своите избранички.

-Честитки за победата на Португалија, но секоја пофалба и за девојките, кои го дадоа максимумот на теренот. Интересен, но во исто време и доста исцрпувачки натпревар. Иако домаќинот отиде на пауза со предност од седум поени, девојките не се откажаа, одиграа одлична трета четвртина, кога, во добар дел, имаа водство. Покажаа карактер, но очигледно е дека за комплетен успех, недостига уште нешто – истакна Ашаданов.

To top