Кошарка

НБА: Партија на кариерата на Дончиќ

НБА: Партија на кариерата на Дончиќ

Далас го растури Лос Анџелес Клиперс со 144-126, а ѕвезда на вечерта беше словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ.

Играчот на Маверикс имал поефикасни натпревари во кариерата, но никогаш со толку добар шут од игра како ноќеска.

Постигна 44 поени со шут од игра 17/21 што е дури 81%, погоди 6/9 за тројка и фантастични 11/12 за два, а ги реализира и сите четири слободни фрлања. Додаде уште по 6 скока и асистенции за индекс 32 со што стана првиот кошаркар во историјата на НБА со таков индекс при 44/6/6.

Особено е фасцинантно што сето ова го направи за само три четвртини и за помалку од 32 минути игра .

РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 106-114
Вашингтон – Шарлот 117-124
Бостон – Бруклин 121-107
Хјустон – Њу Орлеанс 104-101
Мемфис – Јута 121-127
Сан Антонио – Минесота 110-117
Далас – ЛА Клиперс 144-126
Феникс – ЛА Лејкерс 119-122
Сакраменто – Оклахома 105-98

To top