Култура КОПНЕЖ

Книгата „Додека тонеме во мрак“ од Гојко Божовиќ објавена на македонски јазик

Божовиќ и со други книги во изминативе години е објавуван кај нас на македонски јазик.

Книгата „Додека тонеме во мрак“ од Гојко Божовиќ објавена на македонски јазик

Книгата „Додека тонеме во мрак“ од Гојко Божовиќ, еден од значајните српски поети, есеисти и антологичари, е објавена на македонски јазик. Преводот е на Димитар Башевски, а издавач е „Табахон“ од Скопје.

Божовиќ и со други книги во изминативе години е објавуван кај нас на македонски јазик. „Слово“ од Скопје ги има објавено неговите збирки песни „Елементи“ (2010) и „Околни божества“ (2014), додека издавачката куќа „Везилка“ ги објави неговите книги „Книжевноста и дните“, есеи и „Мапа“, поезија, двете во 2011 година.

Издавачката куќа „Табахон“ информира дека поезијата во книгата „Додека тонеме во мрак“ изразува копнеж за враќање на вистинските вредности надвор од просторот на егзистенцијалната празнина и тегобност.

Српската книжевна критика истакнува дека во оваа книга на Божовиќ, во речиси секоја од неговите нови песни, постои основа на еден мал расказ, за потоа тие наративни песни, во многу промислена и ситематизизрана композиција, да се претворат во една целосна, заокружена, сложена и изнијансирана слика на светот.  (МИА)

To top