Фудбал

Костадинов: За Македонија секогаш го даваме максимумот

Костадинов: За Македонија секогаш го даваме максимумот

Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов, ги најави претстојните предизвици на националниот тим и изрази големо задоволство од досегашните подготовки за натпреварите со Молдавија и Црна Гора.

„Супер е повторно да се видат сите овие лица, драго ми е кога сме заедно со фудбалерите, стручниот штав, лекарскиот тим и сите останати. Се подготвуваме максимално за претстојните натпревари и ќе одиграме четири пријателски средби кои ќе бидат убав тест за тоа што ни следи во септември.

Се наоѓам во одлична форма, на последните мечеви за Пласт Гливице добив најголема минутажа досега и задоволен сум од тоа што го прикажав. Најважно е тука да покажеме дека сме силни, без разлика кој колкава минутажа има во клубовите. 

Собирот е одличен за сите, мора да го дадеме нашиот максимум и да влеземе мотивирано во мечевите. Не би зборувал за тоа дека сме некакви фаворити, ова се натпревари кои ќе послужат за темпирање на формата и работа на тактички план, но секако дека со сите сили ќе се обидеме да ги победиме ривалите“, изјави Костадинов.

To top