Пранди при изведувањето на ударот од девет метри прво стоеше на левата нога, потоа ги спушти двете на земја и ја промени.
Спуштајќи се кон десно Французинот ги збуни противниците, па го матира Паличка. Тој гол крена многу контроверзии околу тоа дали е регуларен или не.
Според сегашното правило на ИХФ, наведено е дека една нога мора да е на подлогата, но не е наведено која и дали може да се промени.
Сега, Светската ракометна федерација реши дека е потребно да се направи промена, односно дообјаснување на правилото.