Кошарка

МЗТ Скопје го доби „македонското дерби“ во АБА2 лигата и обезбеди местото во плеј-офот

МЗТ Скопје го доби „македонското дерби“ во АБА2 лигата и обезбеди местото во плеј-офот

Аеродромци беа сигурни против ТФТ Моцарт (95:69), за осма победа и обезбедено место во најдобрите „осум“ кои се дел од доигрувањето.

На вториот ден од турнирот во Широки, на програмата дојде и „македонското дерби“, односно дуелот помеѓу екипите на ТФТ Моцарт и на МЗТ Скопје.

Две екипи кои влегоа со свои амбиции, „металците“ да останат на горните позиции на табелата, ТФТ пак да дојде до бројка поголема од две победи во оваа сезона од ова регионално натпреварување.

Победата е за фаворитот, МЗТ Скопје ја оправда таа улога и на теренот, стигна до убедлив триумф, за „сино-белите“ од Аеродром, осми во оваа сезона, кој на две кола пред крајот на регуларниот дел, им носи потврда на учество во плеј-офот.  Во тимот на тренерот Васко Атанасов, кој сега има скор (8-3), имаше петмина играчи со десет или повеќе поени.

Баковиќ застана на 22. реализации (и осум скока), Делалиќ имаше 18, Танасковиќ 13, Војдан Стојановски  дојде до 11 (плус шест скока и пет асистенции, а 10 даде Гилон.  Во редовите на ТФТ Моцарт, Верц постигна 14.поени, Ташовски дојде до 13. а Крстевски уште 12.поени (4/8 во шутот за три поени).

Во наредните две (последни) кола ќе го детерминираат местото од кое ќе влезат во доигрувањето за место кое води во АБА лигата,

To top