Свет враќање на стабилноста и воспоставување мир

Престолонаследникот на Саудиска Арабија повика на прекин на војната во Газа

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман повика на прекин на војната во Газа и на „присилното раселување“ на Палестинците.

– Ја нагласуваме потребата да се запре оваа војна и присилното раселување на Палестинците, порача тој денеска на Саудиско-африкански самит во Ријад.

– Го осудуваме она што го доживува Појасот Газа во однос на воена агресија, напади врз цивили и континуирано кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на израелските окупаторски власти, додаде тој.

– Ја нагласуваме потребата да се создадат услови за враќање на стабилноста и воспоставување мир, додаде тој.

Најнови вести од Свет

To top