Екипата на Севиља беше поразена од Селта на домашен терен во шпанската Ла Лига, а натпреварот беше одбележан со инцидентот во 62. минута кога Ел Несири сакаше да се пресмета со својот тренер.
Ел Несири беше стрелец на голот за водство на Севиља, меѓутоа и покрај тоа тренерот на Севиља, Кике Санчез Флорес одлучи да го замени.
Ваквиот потег не му се допадна на 26-годишниот напаѓач кој беше толку лут што тргна и да се пресметува. Во ситуацијата интервенираше Оскампос за да спречи поголем инцидент.
Видеото погледнете го ТУКА