Познати

Линдзи Лохан ја откри вистинската причина зошто се повлече од Холивуд: Посакувам да не се случеше

Првата улога ја добила кога имала само три години, па многумина не се изненадени што решила да го напушти Холивуд во 2012 година. Тогаш имала 26 години, а познато е дека живеела во Лондон.

Линдзи Лохан ја откри вистинската причина зошто се повлече од Холивуд: Посакувам да не се случеше

Актерката Линдзи Лохан неодамна ја откри вистинската причина поради која се повлече од Холивуд.

Имено, актерката која јавноста најмногу ја памети по улогите во филмови наменети за деца и млади, но и по проблематичното однесување, пред неколку години реши да се врати на снимањето.

-Чувствувам дека некои од моите дела беа засенети од папараците и сите тие работи кога бев помлада, некако е срамно. Затоа сакав да исчезнам. Помислив: „Ако нема приказна овде, нема да се фокусираат само на мојот живот, вели таа.

Освен со актерство, во екот на славата се занимаваше и со музика и беше дел од различни проекти, но истовремено се борела и со лични и правни проблеми.

Првата улога ја добила кога имала само три години, па многумина не се изненадени што решила да го напушти Холивуд во 2012 година. Тогаш имала 26 години, а познато е дека живеела во Лондон.

Претходно го опиша одморот од глумата како најдоброто нешто што некогаш го направила за себе. Таа моментално живее во Дубаи, каде води луксузен начин на живот со нејзиниот сопруг Бадер Шамас и нивниот син Луаи, кој се роди во јули минатата година.

Лохан објасни дека Холивуд денес е многу поинаков, бидејќи социјалните мрежи им овозможуваат на познатите личности да ја контролираат сопствената приказна и директно да реагираат на насловите на медиумите. Таа истакна дека не се плаши да се врати во Холивуд и покрај негативните искуства кои ги имала.

To top