Шпанската лига ќе пријави расистички скандирања упатени кон играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор пред натпреварот на градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите против Интер.
Винисиус на социјалните мрежи сподели видео на кое се слушаат навивачите на Атлетико како скокаат и извикуваат „Шимпанзото Винисиус“, во пресрет на натпреварот против Интер во Мадрид, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Бразилскиот фудбалер повика навивачите да бидат казнети и на социјалната мрежа Х напиша: „Се надевам дека веќе размислувавте за нивната казна“. На таа објава тој ги означи сметките на Европската фудбалска централа (УЕФА) и Лигата на шампионите.
-Тоа е тажна реалност бидејќи тоа се случува дури и на натпревари на кои не присуствувам, додаде Винисиус.
Шпанската лига соопшти дека ќе ги пријави инцидентите до обвинителството за злосторства од омраза и дека исто така ќе преземе мерки и покрај скандирањата што се случуваат на натпревар надвор од нејзината организација и надвор од стадионот.