Познати

ПОТРЕСНА ФОТОГРАФИЈА ОД БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ: Беше една од најубавите жени, а сега се бори со пеколната болест – ракот и отвори живи рани на главата (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

ПОТРЕСНА ФОТОГРАФИЈА ОД БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ: Беше една од најубавите жени, а сега се бори со пеколната болест – ракот и отвори живи рани на главата (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Манекенката и една од најубавите жени на светот Кристи Бринкли (70), има рак на кожата. Тажната вест ја споделила на својот „Instagram“, но и фотографии од операцијата бидејќи докторите откриле дека има „базоцелуларен карцином“.

„Добрата вест е што рано го открија базоцелуларниот карцином. И имав одлични доктори кои го отстранија и ме сошија до совршенство, како високата мода ’Dior‘“, напишала Кристи.

Таа додала и дека добрата вест за сите останати е што може да се избегне со користење на крем за сончање. Таа, исто така, ги советувала следбениците редовно да одат на прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

„Имав среќа што го пронајдоа бидејќи придружував една од моите ќерки на нејзините редовни тестови. Докторот ја гледаше секоја пега преку лупа. Тоа не беше мој термин за преглед, па не сакав да кажам ништо, но на самиот крај го прашав дали може да ја погледне малата точка што можев да ја почувствувам кога ја нанесував мојата шминка. Ја погледна и веднаш знаеше дека треба да одам на биопсија“, додала манекенката.

Инаку, Кристи се прославила во 70-тите и 80-тите години на минатиот век кога се фотографирала за насловните страници на познатите списанија, а се чини дека и денес е во идентична состојба како некогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

Сепак, нејзината завидна фигура и во подоцнежните години не ѝ „паднала од небо“ – таа напорно вежбала за да ја одржи. Манекенката често им говори на жените како да ја зачуваат својата младост и убавина, дури и после седмата деценија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

Пластичната хирургија не е заслужна за нејзината убавина, таа своевремено признала дека во еден период од животот користела филери и ботокс – но и дека не била задоволна од резултатите.

Клучот на витката линија и убава кожа е правилната и избалансирана исхрана. Кристи е вегетаријанка и тврди дека ваквиот начин на исхрана ѝ помогнал да го одржи убавиот тен и добрата форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

„Најмногу ми одговара овој режим на исхрана, а имам пробано сè. Забележав дека мојата кожа подобро изгледа, тенот ми е изедначен и многу подобро се чувствувам“, изјавила таа.

To top