Фудбал ЛШ

Тирам мина без казна за невкусниот потег (ВИДЕО)

Маркус Тирам пропушти огромна шанса да го однесе Интер во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а покрај тоа што беше еден од трагичарите на италијанскиот клуб, во дополнителните 30 минути игра презентираше и потег кој ја шокираше јавноста.

Напаѓачот на Интер имаше неколку „црни секунди“ и реши да го зграпчи Савиќ за меѓуножјето, па додека стоперот на Атлетико се превиткуваше од болка, главниот судија Марчињак воопшто не знаеше што се случи во дадената ситуација.

Повторените снимки покажа дека Тирам со јасна намера ја зграпчува „машкоста“ на Црногорецот, а во дадениот случај вистинско чудо е што немаше никаква реакција и од ВАР.

За прикажана непотребна агресија на теренот, судиите се овластени да покажуваат директни црвени картони, но Тирам го избегна тоа и набрзо беше изваден од игра од Симоне Инѕаги.

Пред да го напушти теренот, Тирам му се извини на Савиќ и двајцата срдечно се насмеаја за неверојатната ситуација, која беше само еден од моментите кои го одбележаа импресивниот натпревар на „Метрополитано“.

Атлетико со голот на Мемфис во самата завршница се избори за продолженија, а на крајот шпанскиот претставник беше поуспешен во пенал рулетот и се пласираше во четвртфиналето во најелитното натпреварување.

Видеото погледнете го ТУКА

Поврзани теми

To top