Економија берза

На Волстрит индексот СиП 500 скокна на ново рекордно ниво

Вчера на Волстрит индексот СиП 500 (S&P 500) скокна на ново рекордно високо ниво, благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, додека новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД благо зајакна.

На Волстрит индексот СиП 500 скокна на ново рекордно ниво

Вчера на Волстрит индексот СиП 500 (S&P 500) скокна на ново рекордно високо ниво, благодарение на растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, додека новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД благо зајакна.

Дау Џонс (Dow Jones) зајакна 0,61 отсто, на 39.005 поени, додека СиП 500 скокна за 1,12 отсто, на 5.175 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) за 1,54 отсто, на 16.265 поени.

Ѕвезда на денот вчера беа акциите на „Оракл“ (Oracle), кои скокнаа за речиси 12 отсто до рекордни високи, откако технолошкиот гигант објави подобри од очекуваните квартални резултати.

По два дена пад, вчера силно пораснаа и цените на акциите на производителите на чипови, а најмногу „Нвидија“ (Nvidia) за повеќе од 7 отсто. Затоа инвеститорите не беа обесхрабрени ниту од малото зголемување на инфлацијата во САД. Вчера беше објавено дека во февруари потрошувачките цени се зголемени за 0,4 отсто на месечно и 3,2 отсто на годишно ниво.

И покрај стагнацијата, па дури и благото зголемување на инфлацијата во последните два месеци, на пазарот се уште стои ставот дека американската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки во јуни.

„На пазарот преовладуваше ставот дека не е толку важно кога ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки, туку колку ќе ги намали. А дали тоа ќе биде во мај, на што се надеваа инвеститорите, или во септември, е не е толку важно. Важно е дека каматните стапки наскоро ќе се намалат“, вели Оливер Пурше, потпретседател во „Велтспајр адвајзорс“ (Wealthspire Advisors).

Тој, исто така, посочува дека економијата постојано расте и дека, според сите оценки, ќе ја избегне рецесијата.

„Преферирам економијата да биде силна, иако со повисоки каматни стапки, отколку да биде слаба и да има потреба од стимулација“, вели Пурше.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски ФТСЕ (FTSE) индекс зајакна 1,02 отсто, на 7.747 поени, додека франкфуртски Дакс (DAX) порасна за 1,23 отсто, на 17.965 поени, а париски CAC 0,84 отсто, на 8.087 поени.

To top