Живот и Стил

ДЕНЕСКА Е ПРЕП. ЈОВАН КАСИЈАН: Откако во Рим изучил повеќе науки заминал во Цариград да учи од мудроста на св. Јован Златоуст

ДЕНЕСКА Е ПРЕП. ЈОВАН КАСИЈАН: Откако во Рим изучил повеќе науки заминал во Цариград да учи од мудроста на св. Јован Златоуст

Денеска е 29 февруари (по стар стил) и се слави Преподобен Јован Касијан.

Овој голем духовник се роди во Рим од славни родители. Во младоста ги изучи сите светски науки, особено философијата и астрономијата. Потоа сиот се предаде на изучување на Светото Писмо.

Посегајќи од доброто кон подоброто, и сакајќи сè поголем степен на совршенство, Касијан замина од Рим за Цариград за лично да го види и чуе светиот Јован Златоуст.

Златоуст го поучи и го посвети за ѓакон. Откако многу се исползува со мудроста на Светиот Златоуст, се упати понатаму на Исток за уште повеќе да се поучува и усовршува. Најмногу се задржа во Египет, во Нитрија, меѓу прочуените духовни атлети, од кои се научи на вежбање во сите добродетели.

Најпосле повторно се врати на Запад и се насели во градот Марсеј. Овде основа два манастири, еден машки и еден женски.

На молба на монасите напиша повеќе списи од кои особено полезен за љубителите на духовниот живот е: „Осум книги за борбата против осумте главни страсти“.

Особено важен е неговиот спис против еретикот Несториј. Касијан го напиша тој спис на молба на архиѓаконот Лав. Му послужи верно на Господа и се пресели во вечниот живот, во 435 година.

Моштите на свети Касијан и денес почиваат во Марсеј.

To top